Кинескиот производител на премиум електрични автомобили, Nio, во текот на викендот го претстави новиот луксузен електричен седан ET5.
Nio ET5 ќе се натпреварува на пазарот со возила како Tesla Model 3, но и со други премиум електрични седани, како што е BMW i4.
ET5 во голема мера се потпира на Nio ET7 (воведен претходно оваа година како конкурент на Model S на Tesla), со карактеристичен надворешен и внатрешен дизајн.
Ако зборуваме за димензии, должината на ET5 е 4.790 mm, ширина 1.960 mm, а висината 1.499 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.888 mm. Тоа значи дека е за нијанса поголем од ривалот од Тесла.
Новиот кинески електричен седан е придвижуван од два електромотори, од кои предниот произведува 50 kW, а задниот 210 kW.
Комбинираната моќност на погонскиот систем е 360 kW / 490 КС, а максималниот вртежен момент е 700 Nm.
Според производителот, ET5 може да забрза од нула до 100 km/h за само 4,3 секунди, додека застанувањето на 100 km/h трае 33,9 метри.
Во однос на автономијата во возењето, според кинескиот стандард за тестирање на лесни возила (CLTC), ET5 може да помине над 550 km со стандардна батерија од 75 kWh, повеќе од 700 km со средна батерија од 100 kWh и над 1.000 km со најголема батерија капацитет 150 kWh.
Nio ET5 ќе пристигне во кинеските салони во септември 2022 година по цена од околу 51.500 долари, без субвенции.
Иако Nio не прецизираше кога ќе започне продажбата на ова возило на пазарите надвор од Кина, тој потврди дека автомобилот е дизајниран да ги исполни безбедносните стандарди C-NCAP (кинески) и EuroNCAP (европски) со максимални пет ѕвезди.