Голем камен предизвикал поголема материјална штета врз куќа во населбата Перо Чичо.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи вчера сопственикот на куќата го пријавил случајот кај нив.
– Веднаш беше за оваа состојба информирано одговорното лице за контракт со РЦУК од Општина Куманово кое нѐ извести дека веднаш ке се превземат потребни мерки за решавање на случајот и дека дека ќе бидеме благовремено информирани, стои во дневниот билтен.
Како што појаснуваат оттаму, во текот на денот била формирана четиричлена екипа на Општинскиот штаб која излегла на местото на настанот и направила увид.
Во текот на денешниот ден се очекуваат понатамошни активности.
Никола Ивановски