Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во планинските региони, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен претежно северозападен ветер кој вдолж Повардарието и кон исток ќе засилува и ќе достигнува и до 60 км/ч.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната од 4 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне седум степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме променливо облачно време со периоди на сонце, но и локално слаби услови за снег. Ќе дува умерне до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од -6 степени во утринските часови до максимални 3 степени целзиусови во текот на денот.
Среда носи целосно разведрување и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. во утринските часови температурата ќе биде 7 степени под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне 3 степени целзиусови.
Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето и в четврток кога ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен во негатива, а максималната дневна се очекува да достигне до третиот степен.
Претежно облачно со кратки сончеви периоди ќе биде на претпоследниот петок од оваа година. Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна ќе се искачи до 5 степени целзиусови.
Сончево време со мала до умерена облачност ќе имаме на првиот ден од викендот. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу два степени целзиусови, а макисмалната дневна се очекува да достигне 7 степени.
Претежно облачно со кратки сончевио периоди ќе биде времето во недела кога ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од пет степени во текот на утрото до максимални девет во текот на денот.
Почетокот на следната работна недела носи врнежи од дожд.
Никола Ивановски