САД: Паника во училиштата – на ТикТок се шират закани за бомби, наставата во прекин!

Сподели со своите пријатели

Американските безбедносни служби апелираа денеска ученици да останат дома поради заканувачките пораки кои во четвртокот беа раширени на социјалната мрежа ТикТок.

Пораките, чија автентичност сѐ уште не е потврдена, се заканувале дека на 17 декември ќе има пукотници и бомбашки напади во училиштата во САД.

– Федералното истражно биро сериозно ги сфаќа сите потенцијални закани – изјавил портпаролот на таа служба во Лос Анџелес, пренесува Спутник.

Тој додаде дека се следи разузнавањето, но дека засега нема конкретни или веродостојни закани поврзани со училиштата во областа на Лос Анџелес.

Полицијата, ФБИ и училишните администрации веруваат дека ова е предизвик на ТикТок или дека се објавуваат пораки како изговор да не се оди на училиште до почетокот на зимскиот распуст.

Без разлика на таа можност, полицијата и училиштата презедоа мерки, па се зголеми нивото на безбедност, како и бројот на патроли на местата каде што има образовни институции.

Полицијата во Масачусетс објави дека во Салем нема конкретни закани, но дека во училиштата ќе има повеќе полицајци од вообичаено.