Има 15 години и две факултетски дипломи, иако паднал во третото одделение (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џек Рико (15) стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот во Невада во Лас Вегас.

Loading...

Рико ја добил својата додипломска диплома, која ја додаде на дипломите што веќе ги има од Универзитетот Фулертон, кој го завршил на 13-годишна возраст и каде што е исто така најмладиот човек со диплома досега.

Тој нагласи дека другите студенти и професори на факултетот одлично го прифатиле и дека не го третирале како дете.

 

 

Џек сега ги завршил студиите по историја, а сѐ уште не е сигурен за кое поле ќе се одлучи на постдипломските студии.

Интересно е што Џек паднал во трето одделение во основно училиште. Постигнал натпросечни резултати на училишните тестови за интелигенција, но некои предмети едноставно не му оделе.

Loading...

Неговите родители тогаш решиле да го школуваат дома.

– Ниту едно дете не е исто, бидејќи некои деца подобро напредуваат во училишната средина, други подобро напредуваат додека учат дома… Мислам дека тоа треба да биде изборот на детето – изјави Рико за КТНВ, а пренесува Индекс.

Неговата мајка Ру Андраде вели дека уште од мали нозе покажувал знаци на висока интелигенција.

 

 

За четвртиот роденден сакак да ја види Белата куќа. Неговите родители му рекле дека може, ако ги научи напамет сите американски претседатели.

Рико го направил тоа, а патем ги дознал имињата на сите потпретседатели – за секој случај.

Loading...

Освен што веќе има завршено два факултета, Рико, посочува, е доста сличен на секој друг тинејџер.

– Тој е навистина луд кога се во прашање видео игрите – се пошегува мајка му и додала дека Џек има и сестра со аутизам за која секогаш се грижи и дека „најдоброто нешто кај него е неговото срце“.