Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 3 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, додека максималната дневна се очекува да се искачи до 5 степени целзиусови.
Во текот на ноќта во кумановско се очекува врнежите полека да преминуваат во снег.
Утре во Куманово и околината ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерено засилен северен, односно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да се искачи до три степени целзиусови.
Во недела ќе има разведрување на небото и повеќе сонце со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, а максималната дневна ќе се искачи до четвртиот степен целзиусов.
Претежно стабилно, но студено време ќе се задржи во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски