10 случаи на грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет случаи на грип се пријавени во Куманово во текот на 49та недела, покажуваат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје. Притоа вакцина против грип во Куманово примиле 187 лица.

Loading...

Во текот на 49-та недела од 2021 година (06-12.12.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 134 (I=6,5/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 49-та недела е зголемен во споредба со минатата сезона (n=41) и на исто ниво во споредба со типичната сезонска крива (n=113).

Заболените се пријавени од шест ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 58, во Гостивар – 31, во Охрид – 17, во Тетово – 16, во Куманово – 10 и во Прилеп – 2.

Во однос на возрасната дистрибуција, 62 лица се на возраст од 15-64 години, 36 кај деца на возраст од 5-14 години, 27 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 9 лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца (26,0/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на 49-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 428 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 8 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 45 позитивни случаи од рутинскиот надзор, од нив 37 се Influenza A/H3 и 8 се Influenza A несубтипизирани.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени изнесува 643 (I=31,1/100.000), 2,5 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона (n=259) и 2,1% помалку во однос на типичната сезонска крива (n=445).

Кумулативно, заболените се пријавени од десет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица (n=277) и највисока кумулативна инциденца (982,6/100.000) е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар.

Loading...

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 304 случаи (47,3%), а највисока инциденца (159,6/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=166).

Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со 49-та недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 2.538 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 62 позитивни случаи, 50 Influenza A/H3, 11 Influenza A несубтипизиран, еден Influenza B несубтипизиран.

Никола Ивановски