Умерено до значително облачно и студено време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да се искачи до 5 степени целзиусови.

 

 

Во текот на ноќта во кумановско се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе услови за врнежи од дожд и снег.

 

Никола Ивановски