Нема опасност од прелевање на браните Липково и Глажња

Сподели со своите пријатели

Нема опасност од прелевање на браните Липково и Глажња по обилните врнежи што го зафатија кумановскиот регион, информираат денеска надлежните.

– Во комуникација со претставник на ЈП „Водостопанство Кумановско – Липковско поле“ сме информирани дека состојбата со хидроакумолацијата во браните Липково и Глажња е нормална, односно има доволен простор за прием на вода од водотеците, стои во соопштението на Регионалниот центар за управување со кризи.

Оттаму потенцираат дека моментално браната Глажња има 8.5 милиони м3 вода, а може да прими 24 милиони м3.

Излеаната вода од Крива Река, во атарот на селото Довезенце во текот на вчерашниот ден и ноќта е повлечена во речното корито и водостојот се одвива редовно.

– Состојбата во селото Пчиња на мостот на реката Пчиња засега е под контрола. Вчера гранките биле ичистени кои се наоѓале во столбовите на мостот и во моментот нема никакви проблеми, велат од РЦУК.

Никола Ивановски