622.660 илјади денари за нови лаптопи на членовите на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово одвои 622.660 илјади денари со вклучен ДДВ за набавка на триесет и три лаптоп компјутери за потребите на советниците од Советот на Општина Куманово информираа денеска од одделението за јавни набавки од општина Куманово.

На јавниот оглас конкурирале четири компании две од Куманово и две од Скопје. Највисоката добиена понуда е 1.501.500, најниската била 593.010 денари Договорот е склучен со компанија од Куманово „ИДС-КОМ ДООЕЛ Експорт-Импорт Куманово“ која понудила најниска цена.

Договорот е склучен на почетокот од декември, годинава.

Советот на општина Куманово брои 33 членови од различни политички партии и граѓански листи, десет од Коалицијата од СДСМ, осум од иницијативата „За наше Куманово“, седум од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, четворица советници од ДУИ, двајца од Алијанса на Албанците и по еден од БЕСА и Левица.

МИА