Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и студено, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне главно на југоистокот сѐ уште ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со слаби услови за врнежи од снег. Че дува умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до четири степени целзиусови.
Утре ќе имаме разведрување на времето, но и натаму температурите ќе се задржат на истото ниво.
Никола Ивановски