Лора Шепард Черли (74) била ученичка кога нејзиниот татко, пилот на американската морнарица, прв пат полетал во вселената. Таа самата полета во саботата, заедно со уште шест патници, во кабината на вселенското летало „Blue Origin New Shepard“.
Местото за лансирање на ракетата се наоѓа недалеку од градот Ван Хорн во Западен Тексас.
Капсулата со екипажот на вселенскиот брод со кој патниците беа лансирани во вселената е дизајнирана да достигне висина од 106 километри пред да се врати на Земјата
Целиот лет, од полетувањето до враќањето на Земјата, треба да трае нешто повеќе од 10 минути, а екипажот треба да почувствува неколку минути бестежинска состојба на самиот врв на суборбиталниот лет.
Вселенското летало Безос го доби името по Алан Шепард, кој влезе во историјата во 1961 година како втор човек во светот (по Гагарин) и првиот Американец што полета во вселената, во 15-минутен суборбитален лет како еден од астронаутите на НАСА.
По успешното слетување во Атлантикот, Шепард стана национален херој, паради се одржаа во Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес, а беше примен од тогашниот американски претседател Џон Кенеди. Десет години подоцна, Шепард одеше на Месечината како командант на мисијата Аполо 14.
Черли е еден од двајцата почесни патници кои не плаќаат за патување со Blue Origin, а другиот е Мајкл Страхан (50), пензионирана ѕвезда на Националната фудбалска лига, поранешен играч на Њујорк Џајантс, спортски аналитичар и ко-домаќин на Добро утро Америка на ABC.
Ним им се придружија уште четворица помалку познати луѓе, многу богати поединци, кои издвоија непозната, но веројатно голема сума пари за своите места.