Ема Коронел Ајспуро, сопругата на мексиканскиот нарко бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, беше осудена од американскиот суд на три години затвор откако се изјасни за виновна за помагање на нарко картелот Синалоа.
Таа беше уапсена во февруари кога призна дека му помагала на сопругот да ги менаџира неговите криминални работи вредни милијарди долари.
Пред да биде изречена пресудата пред федералниот суд во Вашингтон, 32-годишната Аиспуро го молела американскиот окружен судија Рудолф Контрерас да покаже милост.
Има 32 години и титула „кралица на нарко картелот“: Еве како денес живее сопругата на Ел Чапо (ФОТО)
„Со должна почит, ви се обраќам денес за да го изразам моето вистинско жалење за каква било штета што можеби сум ја направила и ве молам вас и сите граѓани на оваа земја да ми простите“, рече таа, пренесува Ројтерс.
Казната е помалку од четири години затвор, како што побараа обвинителите, а судијата Рудолф Контрерас рече дека таа била млада тинејџерка кога се омажила за кралот на дрогата и дека соработувала по нејзиното апсење во февруари 2021 година.
Ема Коронел Ајспуро призна дека му помогнала на својот сопруг да управува со неговите криминални работи вредни милијарди долари.
Мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“ беше прогласен за виновен за водење на криминална организација која шверцувала тони дрога во САД, поради што во 2019 година беше осуден на доживотен затвор.
ЗВУЧАТ НЕВЕРОЈАТНО: Морничави сведочења од судењето на Ел Чапо