Ок немаме во Македонија, но сигурно кога и да сте биле надвор од границите на државата сте посетиле некоја од продавниците на американската компанија „Старбакс“
Богатиот вкус и препознатливата арома на кафето на „Старбакс“ е познат во целиот свет. Сепак, многумина го консумираат токму ова кафе за да можат да го објават на својот Инстаграм профил со нивното име испишано на добро познатото бело пакување со логото на компанијата.
Пишувањето имиња на амбалажата на кафе стана вистински светски хит, кога станува збор за оваа компанија.
Посебно е интересно да го објавите вашето име доколку не е правилно напишано, без да им се лутите на вработените, бидејќи овој потег се смета дури и за симпатичен, што секако не е случај во други ситуации.
Овој феномен, верувале или не, настанал сосема случајно.
Имено, бидејќи овој ресторан во секој град едноставно секогаш е преполн, за да биде полесно и да не се мешаат нарачките, вработените ги напишале имињата на амбалажата.
Денес, дури и да нема нарачка во овој ресторан, сепак ќе добиете име на пакувањето. Зошто?
Покрај ефикасноста во работата, „Старбакс“ сфатиле дека потпишувањето позитивно влијае на свесноста за нивниот бренд.
Луѓето сакаат персонализација и не се лутат дури и кога нивното име е погрешно напишано. Ова е направено стратешки за дополнително да се привлече вниманието. Луѓето добиваат погрешно име, а тоа сепак е бесплатна реклама за „Старбакс“.
Пишувањето на името создава врска со брендот, создава чувство на сопственост каде клиентот подлабоко се поврзува со производот што го купил. Така тие додаваат вредност на идентитетот на брендот.
Кога Starbucks го прашува клиентот за неговото име, тој се чувствува почитуван, како и сите негови потреби поврзани со самиот производ.
Ќе се чувствувате посебно додека го пиете вашето персонализирано кафе, а за возврат ќе им давате бесплатна реклама без воопшто да бидете свесни за тоа.