Кога новиот сој на ковид 19 го доби името „омикрон“, многумина беа изненадени зошто Светската здравствена организација одлучи да прескокне две букви од грчката азбука – „ни“ и „кси“.
Така беше одлучено да не се стигматизира популарното презиме во Кина.
Сите варијанти на ковид 19 добиваат научни ознаки, како што е B.1.1.529, но оние што стануваат закана СЗО ги именува со букви во грчката азбука.
Откривањето на нов сој во претходните денови логично значело дека треба да се именува по грчката буква „ни“ (ну), бидејќи претходните варијанти достигнувале до буквата „ми“ (му).
Сепак, новиот вид го доби името „омикрон“, прескокнувајќи ги и „ни“ и „кси“.
Портпаролот на СЗО рече дека организацијата го прескокнала зборот „ни“ бидејќи е премногу сличен на претходната буква „ми“, па тоа е направено за да нема забуни.
Следен е грчкиот збор „xi“, но СЗО го прескокна затоа што „кси“ звучи исто како популарното кинеско презиме Си, така што тоа би ја „прекршило практиката на СЗО за именување на болести“, според Фокс њуз.
– „Ни“ беше прескокнат за да се избегне забуна, а „кси“ за да не се стигматизира дел од светот – изјавил извор за британски Телеграф.
Преку својата практика на именување на болести, СЗО се обидува да го „намали непотребното негативно влијание на имињата на болестите врз трговијата со луѓе, движењето и патувањето, но и да избегне навреда на различни култури и социјални, национални, регионални и етнички групи“.