Пендаровски: Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата

Сподели со своите пријатели

„Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата“, напиша денеска претседателот Стево Пендаровски изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите во страшната автобуска несреќа во Бугарија.

Loading...

– Во овие тешки мигови, изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на сите лица и наши сограѓани кои ги изгубија своите животи и беа повредени во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на територијата на соседна Бугарија. Очекувам надлежните да спроведат целосна истрага, да се утврдат причините и одговорноста за трагедијата, која не се памети во нашата понова историја. Во деновите на жалост што следуваат, посакувам мирен покој на душите на починатите и побрзо закрепнување на повредените, напиша Пендаровски.

 

Меѓу загинатите 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години, вели Заев