ЛУДИЛО: Пациент донел клавијатура и звучници во ковид болница, лекарот се приклучи на забавата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалната мрежа ТикТок се појави видео од болница во Србија на кое се гледа како пациент се забавува со музика заедно со лекарот.

Loading...

Сето тоа би било совршено во ред и ништо необично доколку нема клавијатура и звучници во болничката соба.

Пациентот, кој најверојатно по професија е музичар, решил на оригинален начин да ги заврши болничките денови. Тоа му се допаднало на мажот во бел мантил, па решил да му се придружи и да започне забавата.

Колкави се емоциите на човекот кој се радува заедно со пациентот, докажува и тоа што оваа песна како што налагаат обичаите „добро“ ја платил со лепење на банкнота од 1.000 динари на челото на пејачот.

Судејќи по предметите што се гледаат на сликата, би се рекло дека се работи за една ковид болница бидејќи во позадина има две боци со кислород, пишуваат српските портали.

 

@stay.serbianOnly in Serbia 😂😂 #stayserbian #serbia #srbijatiktok #serbian #srbija #beograd #belgrade #serbien #republikasrpska #srbi #srbin #srpkinja #🇷🇸 #fy

♬ Originalton – Stay Serbian