Викенд временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Денеска претпладне времето низ државата ќе биде умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намалува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 16 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Утре ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен под нулата, додека дневниот максимум се очекува да достигне 13 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во недела, кога ќе има и малку повеќе сонце. Утринската температура ќе биде еден степен во позитива, а максималната дневна ќе се задржи на 13 степени.

 

Loading...

 

Слично време ќе се задржи и во понеделникк, додека од вторник се очекуваат врнежи од дожд.

Никола Ивановски