Владимир Мирковски повторно ќе биде тренер на кошаркарскиот клуб Куманово, откако раководството се збогуваше со досегашниот ренер Игор Ѓорѓиевски поради лошите резултати оваа сезона.
Loading...
Шестте порази во домашното првенство и двата во БИБЛ лигата доведоа до оваа промена.
Мирковски и претходната сезона го предводеше Куманово, а во своето богато искуство како стратег ги има и Академија ФМП и МЗТ Скопје.
Куманово е соочено со финансиска криза и неисплатени се дел од побарувањата на кошаркарите и котизациите кон БИБЛ лигата.
Никола Ивановски
Loading...