Димитриевски: Активно се работи на реконструкција на училишната зграда во гимназијата „Гоце Делчев“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово информира дека активно се работи на реконструкција на училишната зграда во СОУ Гимназија Гоце Делчев во Куманово.

Loading...

„Продолжуваат инвестициите во училиштата. Се поставува нова енергетско ефикасна фасада и се врши замена на покривната површина и поставување на нова изолација. Се врши реконструкција во училишната спортска сала каде се поставува нова гумирана подлога, а следува и обнова на ѕидни површини
и спортските реквизити. Во училниците се врши молерисување и поставување на ново ЛЕД осветлување. Извршена е замена на старите прозорци во училниците, училишните ходници и административни простории со нови прозорци со термопан стакла. И покрај зафатот непречено се изведува наставата во училишниот објект кој е изграден во средината на 40-тите години од минатиот век“, рече градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...