Масакар во Буркина Фасо: Убиени 20 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 19 воени полицајци и еден цивил загинаа во напад на бунтовниците во Буркина Фасо, изјави министерот за безбедност Максим Консаид.

Loading...

Според него, нападот се случил на северот на земјата, на границата со Нигер и Мали, каде што се активни исламските милитанти.

Тој додаде дека се пронајдени 22 лица кои го преживеале нападот, пренесува Ројтерс.

Нападот на воената полициска станица во близина на рудник за злато се случи два дена откако седум полицајци беа убиени во друг напад во регионот.

Исламистичките милитантни групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава се активни во областа, каде што неколку држави, вклучувајќи ги Франција, Чад, Нигер, Мали и Буркина Фасо, распоредија стотици војници.