Во текот на ноќта во поголемиот дел земјава беше ведро, а утрово е малку до умерено облачно со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. По котлините и вдолж Повардарието има ниска облачност, додека во местата околу 800 м.н.в. има појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.
Претпладне по одделни котлини и вдолж Повардарието ќе има слаба магла и значителна ниска облачност, која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме релативно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 степени во утринските часови до максимални 22 во текот на денот.
Утре ќе имаме исто така стабилно и топло есенско време. Првиот ден од викендот ќе биде претежно сончев со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен односно северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу осмиот степен, додека дневниот максимум се очекува да достигне 19 степени целзиусови.
Слично време ќе имаме и в недела. Кога дневниот максимум ќе биде уште повисок и ќе достигне 21 степен целзиусов. Времето ќе биде топло со мала до умерена облачност.
Сончево и топло време ќе се задржи само уште во понеделник, а потоа ќе следува зголемување на облачноста и мал пад на температурите, што од средината на следната работна недела ќе донесе и врнежи од дожд.
Никола Ивановски