Редок мајмун кој го освои светот: Изгледа како лик од цртан филм

Сподели со своите пријатели

Каналот на Youtube каде се појави видеото има неколку слични видеа во кои луѓето ги хранат златните мајмуни со краток нос кои се по потекло од Кина.

Loading...

National Geographic вели дека овој вид населува планински шуми кои се покриени со снег до шест месеци годишно.

Овие ретки мајмуни можат да се најдат во мешаните шуми на планинскиот венец Чинлинг, на надморска височина од 1.400 до 2.800 метри.

Се хранат со семиња, инсекти, плодови и мали ‘рбетници.

Кога ја споделија снимката на Твитер профилот на Cozy Club, прашањата едноставно се насобраа.

– Каков мајмун е ова? Каде можам да го најдам? Како да усвоите еден? Дали сме сигурни дека тоа не е личноста во костимот? – беа дел од прашањата.

 

Loading...