Мета, до неодамна познат како Facebook, можеби развива свој паметен часовник кој ќе може да креира фотографии и видеа.
Фотографија од овој уред е објавена на Bloomberg, а на неа се гледа паметен часовник со заоблени рабови (сличен на Apple Watch).
Дополнителен елемент е исечокот на екранот, каде што се наоѓа предната камера.
Часовникот треба да биде изработен од не’рѓосувачки челик и ќе има ремени што може да се менуваат.
Кодот, кој е откриен во апликацијата за контрола на часовникот, покажува дека името на уредот може да биде Милано.
Фотографиите и видеата, кои би биле создадени со часовникот, ќе можат да се префрлаат на телефонот.
Блумберг сугерира дека Мета е можно да го објави својот паметен часовник веќе во 2022 година, но сè уште ништо конкретно не е решено.
Facebook’s Meta watch has a camera notch, according to first leaked image https://t.co/KtrufW4HG6 pic.twitter.com/Ob508IFc1C
— The Verge (@verge) October 29, 2021