Автомобилот на Бајден е бункер со 4 тркала: Прозорците не се отвораат, гумите се отпорни на ракети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Автомобилот на претседателот на САД е опремен со најсовремен електронски систем и сателитски телефон, што му овозможува на претседателот постојан, директен контакт со неговиот заменик и Пентагон и контрола на воените и нуклеарните потенцијали на земјата.

Loading...

Автомобилот што го користи американскиот претседател Џо Бајден изгледа како многу други слични типови, но всушност се работи за тип на вселенски брод, пишува агенцијата Ansa.

 

 

Претседателскиот автомобил „Кадилак 1“, кој уште го нарекуваат и „ѕверот“, според неговите карактеристики е еден вид бункер на четири тркала.

Автомобилот е отпорен на можен хемиски напад, оган и мини, благодарение на  оклопот дебел 13 сантиметри. Тежи осум ипол тони и е направен така што не може да се преврти во случај на судир.

„Кадилак 1“ е опремен со специјален систем за ноќно возење што овозможува безбедно движење со исклучени фарови, со полна брзина и во целосен мрак.

Loading...

 

 

Гумите се направени од специјален материјал и се отпорни на ракетен напад, а направени се така што доколку се неупотребливи во случај на оштетување, автомобилот може да продолжи да вози,

Прозорците на автомобилот се направени од пет слоја, со вкупна дебелина од 13 сантиметри, јави Танјуг.

Не може да се отворат прозорците, освен оној до возачот, но и оној кој не е поголем од осум сантиметри.

Претседателскиот автомобил има турбо дизел мотор од 6.600 кубни метри, но поради тежината не може да развие брзина поголема од 100 километри на час.

 

Loading...

 

Тој троши литар гориво на секои 500 метри, а резервоарот е направен од огноотпорен материјал.

Најновиот претседателски автомобил, пишува агенцијата, и бил доставен на американската тајна служба во 2018 година.