Со невидени безбедносни мерки Рим подготвен за Г20 Самитот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден рано утринава пристигна во Рим, каде утре почнува дводневниот самит на Групата 20 (Г20), јавува агенцијата Анса.

Loading...

Бајден денеска ќе има приватна средба со папата Франциск, а во текот на денот ќе разговара со италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерот Марио Драги.

Предвидено е Бајден да се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон.

 

 

Рим од вчера е, како што пренесуваат медиумите, поради безбедноста на учесниците на самитот „затворен град“, кој е игра на зборови и асоцијација со познатиот филм на Роберт Роселини од 1945 година, „Рим-отворен град“.

Делот од градот Еур, каде што ќе се одржи самитот на светските лидери, од безбедносни причини е прогласен за максимална безбедносна зона во радиус од 10 километри, а пристап со посебни дозволи ќе имаат само учесниците и жителите на градот.

Loading...

Приватниот воздушен сообраќај над Рим е забранет, а хеликоптери од вчера го надлетуваат градот со низок лет.

 

 

Граѓанскиот воздушен сообраќај од двата римски аеродроми Фиумичино и Чампино се одвива непречено.

Безбедноста на учесниците на самитот ќе ја обезбедуваат близу 6.000 полицајци и армијата, чија задача за време на самитот е контрола против дронови.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Лучијано Ламоргезе оцени дека од безбедносен аспект времето на самитот е многу напорно.

 

Loading...

 

Според неа, од речиси 14.000 различни протести само оваа година, безбедноста на учесниците на самитот на Г20 е најголемиот предизвик за безбедносните сили, но и за Рим како град домаќин.

Силите на редот не само што мора да обезбедат целосна безбедност на учесниците на самитот, туку и да ги следат протестите закажани за деновите на конференцијата во Рим, меѓу другите демонстрации против климатските промени „Петок за иднината“.