Кумановските пожарникари со две интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Две интервенции во текот на изминатото деноноќие бележат пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, двете интервенции биле на запалена сува трева.

Првата интервенција била во атарот на селото Табановце, каде горела запалена сува трева. Четворица пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во период од 14:30 до 15:40 часот.

Втората интервенција била на депонијата Краста, каде исто така горела сува трева. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 13:20 до 14:30 часот.

Никола Ивановски