Денеска во утринските часови понекаде во котлините низ Македонија ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во јужните делови. Преку денот ќе биде сончево со слаб до умерен југоисточен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен над нулата, додека максималната дневна се очекува да досгиен 16 степени целзиусови.
Утре во кумановско ќе имаме слично време, сончево со сосема мала облачност. Утринската температура ќе се движи околу нулата, додека максималната дневна повторно ќе достигне 16 степени целзиусови.
Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето и в недела. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во позитива, а максималната повторно ќе достигне 16 степени целзиусови.
Слично време ќе се задржи и в понеделник, додека од вторник следува период на врнежи од дожд.
Никола Ивановски