Суд во Шпанија на разведен пар додели заедничко старателство над куче

Сподели со своите пријатели

Шпански судија одлучи да додели заедничко старателство на разведена двојка, која побарала од судот да утврди со кого треба да продолжи да живее кучето Панда, нивниот миленик.

Судот во Мадрид смета дека двете страни се подеднакво одговорни и дека треба да продолжат да се грижат за нивното куче Панда.

Шпанија моментално подготвува нов закон, според кој животните повеќе нема да се сметаат за „предмети“, туку законски ќе бидат признати како живи суштества.

 

 

Овој статус ќе го олесни судскиот спор кога еден од партнерите ќе побара заедничко старателство над миленикот по разводот.

Како доказ, шпанската двојка до судот ги доставила договорот за посвојување, фактурите на услугите на ветеринарот и фотографиите на кои и двајцата се со кучето.

Панда отсега ќе поминува еден месец наизменично со едниот или другиот старател.

Судијата оцени дека „доказите во постапката откриваат близок однос меѓу двете страни и кучето, кое е достојно за законско старателство“.

 

 

Законот за старателство на кучиња во светот

Во Велика Британија легално кучињата се сметаат за неживи суштества, односно предмети како автомобили, куќи или други лични предмети. Случаите за старателство се сведуваат на одредување кој е единствениот сопственик.

Во Австралија не постои закон за тоа какви одлуки треба да донесат судовите по развод или разделба кога станува збор за домашни миленици.

Французите го променија својот закон во 2014 година. Според него, миленичињата се сметаат за „живи и чувствителни суштества“, а не за „движечка стока“.

Новиот статус за француските миленичиња значи дека бракоразводните парници, паровите имаат право да се борат за заедничко старателство.