Истражувањето на Универзитетот во Будимпешта покажа дека годишното време во кое сме родени влијае на нашите особини и карактер.
Доколку не верувате во хороскопот и дека месецот во кој сте родени влијае на вашиот карактер, научното истражување спроведено на Универзитетот во Будимпешта може да ве предомисли.
Резултатите од студијата презентирани на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија ја потврдуваат поврзаноста помеѓу годишното време и раѓањето со некои особини и карактери благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина во моментот на раѓање.
Овие карактерни црти и склоности се позабележливи во зрелоста отколку во детството.

Ако сте родени во пролет…
Според резултатите од студијата, оние кои се родени во пролет се весели и имаат попозитивен поглед на животот од луѓето родени во другите годишни времиња.
Пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, бидејќи децата се многу амбициозни, авантуристи и полни со ентузијазам.
Исто така, не им треба многу време за да се интересираат за некоја идеја. Тие често имаат одреден уметнички талент, а најмалку од сите се склони кон депресија и анксиозност.

Ако сте родени во лето…
Луѓето родени во лето се склони кон чести промени на расположението, кои не мора да имаат одредена причина.
Летните деца се повеќе склони кон нервоза од оние кои се родени во други годишни времиња. Кавгаџии се, често се вљубуваат и често ја менуваат работата.

Ако сте родени во есен…
Студијата покажала дека без оглед на тоа што се родени во годишното време кое се смета за депресивно, есенските деца не се склони кон депресија.
Не се преголеми оптимисти, но имаат приземен карактер, што придонесува да имаат најмал ризик од развој на ментални нарушувања.
Тие се физички активни и претежно се талентирани спортисти.

Ако сте родени во зима…
Овие луѓе се карактеризираат како емотивно најстабилни, односно најотпорни се на емоционален стрес, тврдат унгарските истражувачи кои објаснуваат дека на тоа влијаеле и поголемите количини на сонце што го апсорбирале за време на бременоста на нивната мајка.
Зимските деца се генерално исклучително интелигентни, размислуваат брзо и како возрасни се водат повеќе од разумот отколку од чувствата.
Тие се карактеризираат со силни ставови и доследност.


