Сакате да нарачате песна а немате пари, хармоникашот Жељко има решение (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кој сака Жељко да му ја свири „Романија“ на уши, а нема пари за да стави на хармоника, нема проблем,хармоникашот има читач за платежни картички.

Жељко Ѓакиќ од Бања Лука свири хармоника од деветгодишна возраст и, како што вели, немало ден да не свири. Не живее од свирење, но му служи да го надополни домашниот буџет.

Бидејќи постојано му се случувало на свирките луѓе на шега да влечат платежни картички преку хармоника, Жељко решил да стигне до нив така што на инструментот закачил читач за платежни картички.

 

 

Им е интересно и снимаат многу како ја влечат картата, бидејќи јас прв почнав со неа, па им е интересно“, изјави Жељко за АТВ БЛ.

Покрај читачот на картички, Жељко има и три микрофони на хармоника.

 

https://www.youtube.com/watch?v=sXM96TqRzVo