Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил хоспитализиран во Вашингтон откако му се слошило.
Патријархот Вартоломеј почувствувал тешкоти набргу откако ја започнал службата во црквата Света Софија во Вашингтон, поради долгиот лет и преполниот распоред веднаш по неговото пристигнување во САД.
Лекарот го советувал да мирува и превентивно бил префрлен во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, пренесува грчкиот портал „Екатимерини“.
Вселенскиот патријарх синоќа пристигна во САД, а беше пречекан од припадници на грчката заедница во оваа земја и членови на црквата. Ова е негова прва посета на Америка од 2009 година.
Патријархот Вартоломеј има закажано средби со американскиот претседател Џозеф Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.