Тесна разлика за советничките листи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Минимална е разликата меѓу кандидатските листи за советници во Куманово, покажуваат првичните официјални податоци обработени од Државната изборна комисија.

Loading...

Иако избирачките места беа затворени пред повеќе од три часа, обработени се само 14.043 гласови.

Според нив благо водство има листата на СДСМ со 1.741 глас или 26,18 отсто од гласовите. Следува Ивана Ѓорѓиевска како носител на кандидатската листа на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ со освоени 1.345 гласа односно 20,23 отсто.

Со 1.276 гласови следува листата на ВМРО-ДПМНЕ, односно имаат освоено 19,19%.

ДУИ има освоено 12,38 отсто, Беса 5,47 проценти, ЛДП/ДОМ 95 гласови, Алијанса за албанците и Алтернатива 398, ДПА има 50, Левица има 202, Единствена Македонија има 11, Интегра 29 гласови, Граѓанската иницијатива предводена од Сузана Ѓорѓевиќ има 59 гласа, додека граѓанската иницијатива на Милош Стаменковиќ има 43.

Со оглед дека денеска во Куманово право на глас имаа 93.986 граѓани, конечното пребројување од страна на Државната изборна комисија ќе трае до раните утрински часови.

Никола Ивановски