Оливер Илиевски од СДСМ и Максим Димитриевски од независната граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ одат во вториот круг на локалните избори за Куманово, според првичните партиски неофицијални информации.
Како што рече Илиевски, двајцата имаат изедначен број гласови.
– Со Максим Димитриевски одиме во втор круг, но имаме изедначен број на гласови со тоа што 97-98 отсто се обработени од бројот на гласовите, се менуваат бројките, тие се 30-40 гласа за едниот и за другито така да во втор круг одиме со изедначен резултат, но сепак ние сме СДСМ кој има коалиционен капацитет така да во вториот круг ќе бидат многу појасни резултатите и сигурно ќе победиме, изјави Илиевски.
Како што рече тој, ова не е изненадувачки со оглед дека дел од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ заминале за Максим Димитриевски.
Никола Ивановски