Агитирање во близина на избирачко место во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Во близина на изборачко место во селото Клечовце, Општина Старо Нагоричане било забележано агитирање од страна на поголема група граѓани пред партиски штаб.

Loading...

– Во 13.10 часот во СВР Куманово, А.Д. – претседател на избирачки одбор на избирачко место 1149 во село Клечовце, општина Старо Нагоричане, пријавил дека во близина на гласачкото место имало штаб на политичка партија на кој имало излепено рекламен материјал од политичката партија и дека пред штабот имало поголема група на граѓани кои агитираат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски