Михајловски: Уште во самиот старт изборите ниту се фер ниту се демократски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Уште во самиот старт изборите ниту се фер ниту се демократски“ ова денеска го изјави кандидатот за градоначалник за општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски.

Loading...

Тој обвинува за подмитувања и насилно убедување за гласови.

– Мислам дека уште во самиот старт изборите ниту се фер ниту се демократски затоа што има одредени притисоци, имаме назнаки за подмитувања, делење на мито и насилно убедување за гласови. Во самиот старт кога ја потпишавме онаа декларација за фер избори не требаше да објавуваме ништо на Фејсбук, објавуваа другите кандидати, значи тоа веќе од самиот старт се прекрши, ќе повторам џабе е потписот ако не го почитувате кога е ставен, изјави Михајловски.

 

 

Како што рече тој, очекува народот да излезе во што поголем број за да се анулираат сите калкулации и манипулации и слично, а лично очекува со овие избори Куманово да тргне напред.

Никола Ивановски

Loading...