Уметничката, новинарка и претприемачка Бетани Бургојн од Есекс престана да се бричи во 2018 година и упорно го прави тоа, иако секојдневно се соочува со осуда.
30-годишната девојка вели дека често и се вели „изгледа како маж“, но тоа не ја поколеба, туку им дозволува на скептиците да ја погалат по брадата.
Се започна така што таа престана да ги бричи нозете и пазувите, а потоа одлучи да ја пушти и брадата. Сега има брада долга 3 инчи.
View this post on Instagram
На 29 -годишна возраст, на Бетани и беа дијагностицирани полицистични јајници, состојба која предизвикува хормонална нерамнотежа, што исто така влијае на поинтензивниот раст на влакната по телото. Со нејзиниот пример, таа сака да испрати порака до другите жени дека таквата состојба е нормална и дека и тие можат да го прифатат нивниот природен изглед.
Таа редовно ја споделува својата приказна на социјалните мрежи пред неколку илјади следбеници. Таа, исто така, ја започна работилницата The Sassy Show, каде што ги охрабрува другите да го прифатат нивното тело преку разни вежби.
View this post on Instagram
„Јас им објаснувам дека сум влакнеста жена, на која не и пречи да биде влакнеста. Ова обично води кон покомуникативни и отворени разговори за тоа зошто претпоставуваме дека жените не треба да имаат влакна“, Објасни Бетани.
„Сакам жените треба да сфатат дека можат да трошат време и пари за многу поважни работи во животот, дека нивната самодоверба никогаш не треба да се базира на вклопување во наметнати идеи за женската убавина“, вели Бетани.
View this post on Instagram