Воени авиони ја пробиваа звучната бариера во Германија: Ѕидовите и прозорците на граѓаните се тресеа

Сподели со своите пријатели

По маневрите на воените авиони над Баварија во средата, германските медиуми со денови известуваа за штетата што ја предизвикаа, кога со таква сила ја пробиваа звучната бариера што последиците ги почувствуваа граѓаните од Нирнберг до Регенсбург.

Loading...

Граѓаните ја преплавија полицијата со повици и опишаа како се тресат нивните прозорци, дури и sидови. Бучавата беше толку брутална што беше објавено дека еден од авионите се урнал, меѓутоа, полицијата ги отфрли тие наводи. Останатите необични вести кои беа пријавени во полиција истиот ден, сепак, не се само гласини, пишува „Нирнберг Нахрихтен“.

 

 

Полицијата на градот Амберг објави дека сопственикот на локалната фарма пријавил штета што ја претрпел поради авионите. Неговиот паун, како што пријавил, бил толку шокиран кога го удрил звучниот шок, што го фатило паника и почнал да бега, очигледно толку се возбудил што паднал и ја скршил ногата.

„Вредни животни“, полицијата евидентирала се во врска со штетата на сопственикот за паунот, а скршената нога на паунот, сопственикот ја проценува 1.500 евра, па има намера да побара толкав надомест.

Сопственикот на фармата додаде дека другите животни претрпеле стрес од такви размери што може да страдаат од последиците.

Loading...