Купувањето нов автомобил е возбудлив настан за многумина, но за Индиецот овој чин се претвори во вистинска катастрофа.
Снимката од безбедносната камера од застапништвото на автомобили на индиската компанија Тата покажува како купувањето на нов автомобил одеднаш се претворило во хаос.
На почетокот на видеото, можете да го видите новиот сопственик како седи зад воланот на автомобилот, додека продавачот стои до возачката врата и му објаснува нешто.
Новиот сопственик тогаш, очигледно, го става автоматскиот менувач во положба “D” (Drive) и го стиска “гасот”.
Се чини дека планот беше да се вози возилото до хидрауличната рампа за да се спушти на ниво на улица.
Меѓутоа, постапките на возачот предизвикаа големо забрзување на автомобилот, кој ја преминува рампата и конечно, паѓа на приземјето од салонот за автомобили.
Како што се наведува, станува збор за моделот Тиаго, а локалните медиуми јавуваат дека возачот и уште едно лице се повредени во инцидентот и итно се пренесени во блиската болница.
Се претпоставува дека возачот, возбуден поради купување нов автомобил, премногу силно ја стиснал педалата за гас.
Во секој случај, се надеваме дека сите брзо ќе закрепнат.