Ова видео ќе ви го разубави денот: 39 кучиња се капеа и играа во базенот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дури 39 кучиња пливаа во базенот во облик на коска во текот на топлиот ден, кој е во сопственост на Лаки центарот од Мичиген во САД, пишува новинската агенција SWNS.

Loading...

Разиграните кучиња скокнаа во водата, си играа со играчки, пливаа и лаеја. Основачот на центарот Бренда Ленгли ги надгледува кучињата додека пливаат безгрижно.

Бренда исто така опиша како дошла до идеја да направи базен за кучиња.

“Постојано скокаа во базенот со мене, па решив да им направам еден. Не згрешив”, рекла Бренда, пренесува SWNS.

Бренда не крие колку сака да поминува време со кучиња околу базенот.

“Нема ништо подобро од тоа да ги гледаш како се капат и уживаат во животот. Не можам да замислам детство без базен, а овие кучиња само сакаат да се забавуваат”, објаснува таа.

 

Loading...