Во изминатите седум дена, 63 лица починаа од колера во Нигерија, пренесува Анадолија.
Нигерискиот центар за контрола на болести (NCDC) објави дека колера била дијагностицирана кај 3.098 луѓе во изминатата недела, и дека се регистрирани 63 смртни случаи.
Од почетокот на годината, во Нигерија се потврдени вкупно 58.698 случаи на колера и близу 2.000 смртни случаи.
Колерата е заразна болест на тенкото црево предизвикана од бактеријата Vibrio cholerae.
Болеста се шири со консумирање на контаминирана вода, морски ракови, школки и риби и друга храна заразена со секрети на заразени луѓе.
За контрола на колерата, важно е да се прочистат објектите за водоснабдување и правилно да се отстрани човечкиот отпад.
Други мерки на претпазливост вклучуваат употреба на зовриена вода и избегнување на неварен зеленчук или недоволно варена риба или школки.
Вакцината против колера обезбедува само делумна заштита и затоа генерално не се препорачува.