Пакистанската полиција покрена истрага против неколку стотици непознати мажи, откако млада жена била сексуално злоупотребена од толпа од повеќе од 400 мажи во парк во Лахоре, додека снимала видео за TikTok, објави Гардијан.
Шокантниот напад е снимен на неколку видеа кои станаа вирални и покажуваат како толпата ја нападнала жената додека била во паркот Голем Икбал во Лахоре и снимала видео на Тикток.
Среде бел ден, мажите ја зеле жената и ја фрлиле во толпата, ѝ ја искинале облека, ја нападнале и ја допирале.
Жената го пријавила случајот против 300 до 400 неидентификувани лица во полиција во Лахоре.
– Толпата ме повлече од сите страни до тој степен што ми се искина облеката. Ме фрлија во воздух. Брутално ме нападнаа – рекла жената во изјава за полицијата.
Таа додала дека толпата ѝ го украла и накитот, обетките и мобилните телефони.
Видеото предизвика бран одвратност и гнев во Пакистан.
Државниот министер за информации рече дека веќе има уапсени. Некои сторители се идентификувани.
Според истражувањето на Томсон Ројтерс, Пакистан е шеста најопасна земја во светот за жените.
https://youtu.be/IFff6ySR-PM