Блинкен: Веруваме дека во Авганистан има уште 1.500 американски државјани

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон верува дека уште 1.500 американски граѓани се останати во Авганистан, по 12 дена масовна евакуација со авион од Кабул.

Loading...

Блинкен синоќа рече дека уште 4.500 Американци биле евакуирани во операцијата што САД ја организираат без прекин откако Талибанците пристигнаа во Кабул на 14 август, победувајќи ја армијата на Авганистан, поддржана од САД.

Шефот на американската дипломатија ги објави тие податоци по неколкудневниот притисок врз администрацијата да објави официјални проценки за бројот на Американци кои треба да бидат евакуирани од Авганистан до 31 август, кога последните американски војници ќе ја напуштат таа земја.

Американските службеници се во контакт со околу 500 американски државјани во Авганистан за безбедно да ги изнесат од земјата, изјави неименуван американски претставник.