Двајца членови на американскиот Конгрес тајно отпатувале за Кабул, додека САД евакуираат десетици илјади Американци и Авганистанци чии животи се во опасност откако земјата падна под талибанска власт, пренесува Си – Би – Ес њуз.
Демократот Сет Мултон и републиканецот Питер Мејер, двајцата ветерани од војната во Ирак, во вторникот во целосна тајност го посетиле Меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, „за да го надгледуваат процесот на евакуација“, се вели во нивното соопштение по заминувањето од Авганистан.
– Во моментов нема место во светот каде што надзорот е поважен. Оваа посета ја направивме тајно, зборувајќи за тоа дури по нашето заминување, со цел да го намалиме ризикот и вознемирувањето на луѓето на теренот и затоа што бевме таму за да собираме информации, а не да се видиме – велат двајцата конгресмени во соопштението.
Тие додадоа дека во Кабул отишле со авион со сите слободни места, седејќи на места само за екипажот.
„Сакавме да се осигураме дека ниту едно место во авионот нема да биде зафатено поради нашето присуство во авионот“, се додава во соопштението.