Глобално затоплување – катастрофа за Средоземјето

Сподели со своите пријатели

Климатските промени влијаат врз целиот свет, а луѓето што живеат околу Средоземното Море би можеле да поминат полошо од другите.

Loading...

Научниците предвидуваат дека температурата во тој регион ќе порасне за 20 проценти повеќе од глобалниот просек.

Грција, Италија, Турција, како и голем број други земји, се борат со шумски пожар што се шири низ исушената вегетација и среде топлотниот бран што го зафати северниот дел на Медитеранот. Но, таквите топлотни бранови ќе станат уште полоши во наредните години, според проекциите на научниците кои работат на климатските промени, пренесува Дојче веле.

Оваа недела Обединетите нации го претставија првиот дел од извештајот за глобалното затоплување, во кој се наведува дека просечната температура веќе е зголемена за 1,1 степени во споредба со периодот пред индустријализацијата.

 

 

Топлотните бранови станаа почести отколку порано, и во многу региони сушите сега траат подолго. Во исто време, обилните дождови се чести.

Loading...

„Веќе гледаме климатски промени во сите делови на светот“, вели за ДВ еден од авторите на извештајот, Фридерике Ото од Универзитетот во Оксфорд.

Тој додава дека екстремните временски услови ќе станат „поинтензивни и почести“.

На Медитеранот му гори под нозете

На самитот во Париз во 2015 година, претставници на речиси сите земји во светот се обврзаа да го ограничат растот на температурата на два степени целзиусови до крајот на векот и идеално да го одржат под 1,5 степени.

Но, извештајот на ОН предвидува дека границата од 1,5 степени сигурно ќе биде надмината во текот на следните 15 години.

 

 

Loading...

Покрај тоа, следниот дел од извештајот, кој треба да се објави во февруари, покажува дека температурите во Медитеранот ќе се зголемат уште повеќе – околу 20 проценти повеќе од глобалниот просек.

„Причините за загриженост вклучуваат ризик од пораст на нивото на морето, губење на биодиверзитетот на копно и море, ризици поврзани со суши, шумски пожари, промени во циклусот на вода, закани за производство на храна, здравствени ризици во урбаните и руралните области поради топлината и променетите преносливи болести“ истакнуваат научниците.

Единствената опција – климатизација

Групата автори што го подготвуваат овој дел од извештајот е предводена од Ханс-Ото Партнер од Институтот Алфред Вегенер во Бремерхавен, Германија.

Коментирајќи го актуелниот топлотен бран во Медитеранот за германскиот весник Шпигел, Пиртнер вели дека екстремните временски услови во тој регион „се вклопуваат во проекциите“ на неговиот тим. И тие проекции се загрижувачки.

 

 

Loading...

Доколку глобалните температури се зголемат за два степени, површината уништена од шумските пожари може да се зголеми за 87 проценти.

Климатските промени, исто така, можат да предизвикаат поплави во крајбрежните области, како и смртоносна топлина. Научниците предвидуваат дека околу 93 милиони луѓе на северот на Средоземното Море ќе бидат изложени на голем или многу висок стрес од високите температури до средината на овој век, се наведува во извештајот пренесен од новинската агенција АФП.

„За да ја преживеете таа топлина, единствена опција е климатизацијата 24 часа на ден и седум дена во неделата. И луѓето не можат да платат за тоа“, изјави британскиот професор Илан Келман за АФП.