Шарлин (19) и Џереми (47) се запознале минатата година на Интернет, кога целиот свет седеше дома поради ситуацијата со пандемијата и поголемиот дел од времето го минуваше на социјалните мрежи. Кога Шарлин и Џереми се приклучиле на фан страната на нивниот омилен бенд на Фејсбук, никој од нив не ни замислувал дека меѓу нив ќе се роди љубов.
Имено, Џереми е од Америка, додека Шарлин од Белгија, што значи дека тие не живеат во иста временска зона и дека се оддалечени дури 5.600 километри. Сепак, благодарение на Интернетот, двајцата успеале да одржат контакт, се додека ситуацијата со пандемијата не се подобри.
– Да не беше коронавирусот, не знам дали јас и Шарлин некогаш ќе се сретневме – вели Џереми и додава дека покрај емоциите, тој се уште бил свесен за сите пречки што треба да се надминат, вклучително и растојанието и 28-годишниот јаз меѓу двајцата.
– Никогаш не би помислил да излезам со толку млада девојка, но по околу една недела сфатив дека чувствувам нешто повеќе од пријателство. Постојано се чувствував возбудено и уживав да разговарам со неа – додаде тој.
Џереми призна дека во текот на неговиот живот имал врски кои функционирале на далечина, но дека никогаш не негувал надеж дека тие ќе траат, бидејќи потсвесно знаел дека „љубовта на далечина“ не може да функционира. Меѓутоа, кога ја запознал младата Шарлин, се премислил.
Со надеж дека границите во Белгија ќе бидат отворени, Џереми резервирал осумдневно патување во Белгија за да ја посети Шарлин во јуни. За нивна среќа, мерките биле укинати една недела пред да полета Џереми – што значи дека по една година преписка, конечно добиле шанса да се сретнат.
– Отидов кај неа на 30 јуни. Никој од нас не беше нервозен, бидејќи навистина добро се запознавме и веднаш знаевме дека овој момент ќе дојде некогаш – рече тој.
Џереми изнајмил стан во близина на Шарлин и планирал да остане во него една недела – но кога пристигнал, го чекало изненадување. Без негово знаење, Шарлин влегла во станот пред да пристигне и го сретнала на вратата.
– Кога првпат ја видов, знаев дека таа е вистинската жена за мене. Тоа беше мојот омилен момент во животот – рече Џереми со насмевка.
И покрај големата разлика во годините, парот вели дека тоа воопшто не е проблем.
– Јас сум многу детинаст, имам синдром на Питер Пан. Никој не ја забележува разликата во возраста меѓу нас бидејќи таа е стара душа, а јас сум млад – се пошегува овој човек.
Родителите на Џереми првично не ја поддржувале нивната љубов, бидејќи мислеле дека Шарлин е со него за да добие американски документи. Дури и родителите на неговата избраничка не биле среќни што Шарлин избрала партнер кој е речиси нивна возраст.
Но, љубовта победила! Шарлин и Џереми добиле благослов од двете семејства и се убедени дека нивната љубов ќе трае до крајот на нивниот живот.