Видеото на пијаниот маж од Русија, кој се изгуби во багажниот простор на аеродромот додека се обидувал да го најде својот лет, стана вирално.
Урнебесната сцена е снимена на аеродромот Шереметјево во Москва на 28 јули.
Според локалните медиуми, мажот, од некоја чудна причина, се обидел да стигне до пистата каде што бил паркиран неговиот авион – преку багажниот простор.
Сепак, тој се изгубил некаде по пат и завршил на подвижна лента за куфери.
На видеото може да се види како оди по лента со рачниот багаж, а потоа ја губи рамнотежата и паѓа на лентата, додека ранецот му е заглавен на оградата од страна.
Тој се обидел да го откачи ранецот неколку секунди, лежејќи на подвижната лента, додека конечно не успеал да го ослободи. Лентата потоа го носи, додека човекот не е свесен каде ќе заврши на крајот.
Медиумите пренесуваат дека останал без чевел.
На крајот, стигнал до местото каде што бил скениран багажот, и таму обезбедувањето го чекало да го уапси.
Министерството за внатрешни работи потврди дека имало инцидент, велејќи дека патникот, жител на Јалта, е роден 1994 година.
https://youtu.be/Y1hRIpf0gxw