Таа го постави рекордот минатата година, кога потроши 872.744 евра за облека.
Сите знаеме дека жените сакаат да инвестираат во гардероба и дека на повеќето им е многу важно што ќе облечат. Некои дами купуваат поскапи парчиња облека што ги носат повеќе од еднаш, додека има и такви кои сакаат да ги носат најновите трендови и не вложуваат големи суми пари во својата гардероба, но ја купуваат почесто.
Сепак, вистинска реткост е да наидете на личност која после едно носење повеќе не го користи тоа парче облека.
Една од нив е Микаела Теста (21) од Австралија, која троши повеќе од 3.000 евра неделно за облека.
– Смешниот факт за мене е дека не сакам да носам исто парче облека двапати, затоа издвојувам повеќе од 3.000 евра за облека неделно – рече таа во едно од видеата на „ТикТок“.
Видеото наиде на бурни реакции од нејзините следбеници, но и корисници на истата социјална мрежа, кои и сугерираа дека може да донира облека.
– Знам дека сте богати, но треба да донесете поодговорни одлуки – беше само еден од коментарите.
Ова не е првпат Микаела да сподели колку пари троши во јавноста. Минатата година, таа презентираше информации дека нејзините трошоци се зголемиле за речиси четири пати од 29.500 евра за неколку месеци и дека почнала да троши повеќе од 106.000 евра.
Месецот во кој потроши најмногу пари беше ноември, кога нејзините трошоци изнесуваа повеќе од 175.000 евра, откако купи божиќни подароци за своето семејство во брендирани продавници како Луј Витон и Прада.
Рекордот на Микаела беше минатата година, кога потроши 872.744 евра.