Белата куќа: Ако Русија не може или не сака да делува против хакерите тоа ќе го сториме ние

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден во саботата рече дека не смета дека Москва стои зад неодамнешниот хакерски напад.

Вашингтон има намера да преземе мерки против хакерите „од Русија“ доколку руските власти не одлучат сами да го сторат тоа, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки.

– Комуницираме на високо ниво со руските власти, со колегите. Ние продолжуваме да испраќаме јасен сигнал – ако руската влада не може или нема да дејствува против криминалците со седиште во Русија, ние ќе го сториме тоа – рече Псаки.

 

Хакери нападнаа стотици фирми ширум светот, бараат 70 милиони долари

 

Имајќи ги предвид неодамнешните обвинувања на агенцијата Блумберг дека хакери нападнале најмалку 200 компании кои обезбедуваат ИТ услуги на мали и средни бизниси и дека наводно стои зад тоа хакерската група REVil, за која се смета дека има врски со Русија, изјави портпаролката дека САД, продолжуваат да собираат детали дали инцидентот се случил со знаење или одобрение на руската влада.

– Иако разузнавачката заедница сè уште не му го припишала нападот на никого и сè уште немаме нови информации во врска со сторителите, експертите за безбедност се согласуваат дека криминалната група REVil работи од Руската Федерација и има канцеларии низ целиот свет – објасни таа.

Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден во саботата рече дека не смета дека Москва стои зад неодамнешниот хакерски напад.

Западните земји постојано ја обвинуваат Русија за мешање во внатрешни работи и сајбер напади.

 

Американска компанија плати откуп на хакери од 11 милиони долари

 

Русија ги негираше сите обвинувања, велејќи дека Западот не достави докази.

Москва повеќе пати изјавуваше дека е подготвена за дијалог за безбедноста во мрежата.

Leave a Reply