Алара Лоренс (39) трагично починала во трговскиот центар Стокланд Белдвис во Рокингем во западниот дел на Австралија, а нејзиното безживотно тело било пронајдено во контејнер со донирана облека што ја одбрала за своето 15-месечно бебе.
Телото на Алара било пронајдено во раните утрински часови, а полицијата на видео запис утврди дека не станува збор за насилна смрт, туку дека поради претрес и сортирање облека, таа непријатно се лизнала и паднала во контејнер каде се заглавила и се задушила.
Според локалните медиуми, горната половина на телото останала заглавена во контејнерот, додека, веројатно поради навалување, биле видливи само нејзините стапала.
Додека Алара ја пронашол еден од безбедносните работници и повикал полиција, таа веќе била мртва.
Детективот од Рокингем, Ендру Елиот, изјавил дека е скоро сигурен дека жената се задушила откако незгодно се заглавила во контејнер со донирана облека.
– Нашата досегашна истрага несомнено укажува на тоа дека немало насилна смрт, но дека таа починала во многу несреќни околности. Се чини дека заглавила на таков начин што не можела да излезе од кофата, а бидејќи било ноќ, никој не можел да ја слушне ако евентуално се обидела да повика на помош – изјавил Елиот, пренесува Мирор.
Нејзиниот сопруг на Фејсбук објави дека не може да верува што се случило и дека целиот свет се срушил врз него.
– Овој свет е суров. Не ми се верува дека си замина, скршен сум и немам зборови да опишам како се чувствувам. Ми недостигаш и само посакувам уште еднаш да ти кажам колку те сакам и дека си моја сродна душа – изјави партнерот на Алара Лоренс.
Локалните жители тврдат дека честопати гледаат луѓе пред трговскиот центар како сортираат облека во контејнери што се наменети за хуманитарни цели.